Младата У21 репрезентација на контролен турнир во Хрватска

фото: ФФМ

Репрезентацијата на Македонија до 21 година во периодот од 21 до 26 септември ќе учествува на контролен турнир кој ќе се одржи во Хрватска.

Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Албанија, Саудиска Арабија и домаќинот Хрватска.

Место на одигрување на контролните натпреварите ќе биде Свети Мартин на Мура. Првиот натпревар ќе го играме против Албанија на 23 септември.

На 26 септември дополнително ќе биде утврдено која од селекциите на Хрватска и Саудиска Арабија ќе биде нашиот следен противник.

Новата генерација на Македонија до 21 година во јуни месец одигра две контролни средби на домашен терен против селекцијата на Босна и Херцеговина. На двата натпревари избраниците на селекторот Драги Канатларовски забележаа победа со 2:1 и 1:0.

Собирот на репрезентацијата на Македонија до 21 година е закажан на 18 септември во хотел „Парк“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот