Митрески: Македонскиот јазик е заштитен како симбол на нашиот идентитет и посебност

Јован Митрески/Слободен печат/ фото Слободан Ѓуриќ

„Посебно сум задоволен што првиот Указ што го потпишав, како претседател на Собранието, е Указот за прогласување на Законот за употреба на македонскиот јазик, “ објави на ФБ новиот претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески.

Митрески посочува дека новото законско решение предвидува задолжително лекторирање на сите материјали, но и предвидува обврска за задолжително вработување на лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на владата.

„Македонскиот јазик е заштитен како симбол на нашиот идентитет и посебност. Наша обврска е да го негуваме и унапредуваме, но и да го промовираме на домашен и меѓународен план, каде со мудрите политики и одлуки му обезбедивме рамноправно место со јазиците на сите земји членки на Европската Унија,“ стои во објавата на Митрески.

Тој посочува дека ќе биде зајакнат инспекцискиот надзор, а ќе се основа и инспекторат за примена на македонскиот стандарден јазик, но исто така се создава и правна основа за донесување на национална стратегија за македонскиот јазик за период од пет години.

„Преземаме и конкретни мерки за зголемување на интересот кај младите да го изучуваат македонскиот јазик. Создаваме можности за доделување стипендии за учениците од четврта година средно образование, додипломски студии, магистерски и докторски студии,“ порача Митрески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот