Мистериозното патување на Милорад Додик: Се подготвува ли средба со Путин?

Милорад Додик
Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Српскиот член на Претседателството на БиХ и лидер на СНСД, Милорад Додик, го најави своето заминување на важно патување, но не сакаше да ја открие дестинацијата на јавноста. Засега не се знае дали се работи за барање на домаќините или Додик сакал да ја заинтригира јавноста.

Фото: Профимедиа

 

Иако може да се предвиди дека лидерот на СНСД планира патување во Москва, како што дознава Klix.ba, такво патување се уште не е најавено, ниту пак Милорад Додик ќе биде придружуван од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ќе се сретне со Рускиот претседател Владимир Путин на 25 ноември. Затоа, останува опцијата Путин да го покани Додик независно на посетата на Вучиќ
.
„Имам важен пат пред мене кој е важен за цела Република Српска „Но, тоа не условува одржување на посебна седница, односно суштината на она за што ќе разговараме,изјавил Додик.

На прашањето на новинарите каде оди, тој одговори: „Да сакам да кажам, веднаш би рекол. Одам на важно патување, ќе се слушне“.

Според неофицијални информации, Додик треба да оди на два важни состаноци надвор од БиХ, оваа и следната недела, но се уште се кријат имињата на земјите што ќе ги посети и имињата на функционерите со кои ќе разговара.

Додик и Милановиќ/ Фото ЕПА

Во последните недели Додик беше во Загреб, Љубљана и Истанбул, каде што побара разбирање или поддршка за неговата опасна политика од претседателите Зоран Милановиќ и Реџеп Таип Ердоган и премиерот Јанез Јанша, а му беше домаќин на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Додик и Орбан на средба / фото: ЕПА/ЕФЕ

Имајќи предвид дека нему му е забранет влез во САД, од другите поважни држави остануваат Германија, Франција, Велика Британија , Кина и Русија.

Кристијан Шмит, Милорад Додик/ Фото EPA

Познато е дека Германија е најголемиот поборник за воведување економски санкции кон Додик и неговите блиски соработници. Британците се со нив, а Французите прилично калкулираат, иако нивниот претставник во Советот за безбедност на ОН го поддржа извештајот на Кристијан Шмит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот