МИСЛЕА ДЕКА СЕ НИНЏИ: Банда на црни мотори и со мачети ограбија златара! Минувачите го возвратија ударот (ВИДЕО)

Сцена налик на оние од акционите филмови забележале жителите на Лондон кои биле сведоци на напад на една златара. Банда облечена во црно, со црни кациги и на црни мотори, вооружена со чекани, мачети и друго оружје влетала во една продавница за накит на сред бел ден.

Овојпат храбри минувачи биле во прв план затоа што успеале еден од бандитите да го срушат од моторот и да го бркаат низ улица.

Начинот на кој минувачот го совладал разбојникот е неверојатен, го удрил со каиш за панталони и покрај тоа што крадците биле вооружени со мачети и чекани.

Мета на напаѓачите била златара во северен Лондон.

Но тие не сметале на херојската реакција на минувачите од кои еден од нив како орује употребил канта за ѓубре. Друг минувач го запрел крадецот со табла со мени од локален ресторан, а трет успеал да сопне еден од ограбувачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот