Министерство за економија: Од годинава концесионерите ќе плаќаат повисоки надоместоци

Неповолни реакции во јавноста предизвика сознанието колкав е вкупниот износ што го собира државата од концесионерите. Според анализата што вчера ја објави Центарот за граѓански комуникации, 264 фирми на кои им се издадени 358 концесии, вкупно, во 2019 година платиле концесиски надоместоци од 8,2 милиони евра. Според дел од комнтарите, државата недомаќински управува со националното богатство, овозможувајќи им на поединци, од него да профитираат.

На прашањето од „Слободен печат“ каков е ставот на Министерството за економија во чија надлежност се концесиите, а во врска со ваквите реакции во јавноста, оттаму одговорија дека од годинава ќе има повисоки цени за концесионерите.

Владата на Република Северна Македонија во 2020 година донесе нов Тарифник, односно направи зголемување на износите на концесиските надоместоци преку Тарифникот за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење на детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини (“Службен весник на Република Македонија“бр.24/2020) и тој се применува од 01.01.2021 година – велат од Министерството за економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот