МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА ИТНО ГО НАПУШТИЛ СОБРАНИЕТО: Сериозна е ситуацијата за шпионската афера во Србија

фото Архива

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин изјавил дека во последните 24 часа заедно со началникот на ВБА, генералот Ѓуро Јованиќ, имале повеќе разговори со Вучиќ.

Според неговите зборови, утре се очекуваат повеќе информации за наводната шпионска афера.

„Врховниот командант собира информации и се очекува во текот на утрешниот ден да ги викне и собере сите шефови на разузнавачките и контраразузнавачките служби, како и началникот на генералштабот“, рекол Вулин.

„Ситуацијата е многу сериозна и врховниот командат заклучоците ќе ги донесе по долго и стрпливо размислување“, рекол министерот за одбрана Александар Вулин за Танјуг, одговарајќи на прашањето што може да каже за наводната шпионска афера.

„А тоа што лично би додал е дека за мене постојат некои работи кои се неспорни, но сигурен сум дека позади завесата се крие и обид на одалечување на Србија од политиката на воена неутралност. Верувам во праведноста и независноста на Александар Вучиќ во носење на одлуката“, рекол за Танјуг министерот Вулин.

Танјуг пренел дека Вулин итно ја напуштил седницата на Собранието на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот