Министерот за надворешни работи на Катар во посета на Авганистан

Фото: Профимедиа

 Министерот за надворешни работи на Катар, Мохамад бин Абдулрахман Ал-Тани престојуваше во кратка посета на Кабул.

Ал-Тани, кој е и заменик-премиер на емиратот и водечки посредник во авганистанската криза, се сретна со неколку талибански лидери, објавено е на официјалниот талибански профил на Твитер без повеќе детали.

Тој, исто така, разговарал со поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи, според фотографиите објавени на социјалните мрежи.

Катар одигра водечка дипломатска улога во однос на Авганистан во последниве години, особено во преговорите меѓу талибанците и САД за време на претседателството на Доналд Трамп, а потоа и со владата на авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кој беше соборен од талибанците на 15 август.

Емиратот, исто така, беше многу активен за време на воздушниот мост, со кој повеќе од 120.000 странци и Авганистанци кои сакаа да ја напуштат земјата по враќањето на талибанците беа евакуирани и прими десетици илјади луѓе кои беа транзит кон други земји.

Ниту една земја се уште официјално не ја признала талибанската влада, а само три го направиле тоа (Пакистан, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати) за време на нивното прво владеење со Авганистан помеѓу 1996 и 2001 година. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот