Милков: Заштита на правата на Бугарите е услов за смирување на односите со Северна Македонија

ФОТО-BTA : Вршител на должноста министер за надворешни работи на Бугарија Николај Милков

Бугарскиот технички министер за надворешни работи Николај Милков не се согласува со ставот на претседателот Стево Пендаровски дека случајот со Христијан Пендиков се користи за внатрешнополитички цели во Бугарија и вели дека за него е необјасниво да се мисли така, како и дека темата за односите со Бугарија е прашање на внатрешни дебати во Северна Македонија.

Во гостување на БТВ, Милков рече дека Бугарија во голем степен има изградено внатрешен консензус за тоа како да ги развива односите со соседната држава. И, според него, тоа нема да биде дел од изборната кампања, барем не во таков степен како што се случува во Северна Македонија, каде односите со Бугарија се едно од најострите прашања по кои се спротивставуваат опозицијата и власта.

„Не исклучувам нешто да има во изборната кампања, но повторувам: ние имаме консензус и во него е нашата сила”, изјави Милков.

Тој му се заблагодари на министерот Бујар Османи за посетата на Софија и на Пендиков в болница, но рече дека Османи се обидел да ја релативизира работата и да ја сподели одговорноста со изјавата дека од двете страни на границата треба да прекинат инцидентите и говорот на омраза и слично. Посредно, додава тој, тоа е признание дека случајот бил инцидент од омраза.

Милков вели дека е во ред да се чека што ќе покаже истрагата за случајот Пендиков, но проблемот е што искуството во Бугарија покажало дека прекршоците од таков карактер во Македонија останувале неказнети или неистражени, споменувајќи ги инцидентите со клубовите.

Тој уште забележа дека од македонската страна никој не се занимавал со заканите што ги добивал Пендиков на социјалните мрежи. Милков информираше дека Пендиков засега ќе остане во Бугарија, додека не се заклучи дека не е опасно за него да се врати во Северна Македонија. Кога ќе имало уверение дека е безбедно, тој ќе се врател во земјава.

„Имаме дилема пред која се поставени многу луѓе. Тие или треба во Северна Македонија да бидат замолчени и да не се занимаваат со својата дејност како членови на бугарските клубови или најдобро да решат, а некои тоа го прават, да бидат прогонети и да дојдат да живеат во Бугарија. Тоа е серизоен проблем. Наместо да се се бараат напаѓачите, во полиција се испрашуваат активистите од клубовите и не знаат дали се повикани како обвинети или како сведоци на тоа што се случило во клубот”, вели тој.

Милков уште вели дека антибугарско расположение има и кај институциите, споменувајќи ја Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

„Ние сме спремни за деескалација во односите под одредени услови. Враќање на ситуацијата од пред десет дена не нѐ задоволува. Конкретно бараме заштита на правата на Бугарите таму – ако тоа не се постигне, бетонирање на репресијата”, објаснува тој.

Такви изјави имало и досега, но според Милков, Бугарија очекува практични чекори а тоа е вметнувањето на Бугарите во Уставот. За изјавата на Османи дека провокации имало од двете страни, Милков вели дека кога имало провокација од бугарска страна, МНР регирало на нивниот сајт.

На прашањето како се претставија европратеникот Ангел Џамбаски и пратеникот во бугарскиот парламент Костадин Костадинов во Скопје, Милков рече дека тоа не може да го коментира бидејќи нема информација и не бил таму. А, по забелешките од Македонија, бугарското МНР реагирало на официјалната интернет страница.

„Не можеме да поддржиме таков тип изјави, зашто не само што не водат до добрососедски односи туку ги зголемуваат тензиите во Северна Македонија кои се рефлектираат врз правата на Бугарите таму и повторно влегуваме во маѓепсан круг”, појасни Милков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот