Милијардерот призна: Поради оваа животна грешка упропастив сè!

Најголемата грешка која ја направил Бил Гејтс, основачот на Microsoft, е давањето можност на Google да го стартува Android – стандардната платформа која не припаѓа на Apple.

Ова тој самиот го призна на настанот кој го организираше компанијата Village Global, која ја поддржува.

– Во светот на софтверот, особено кога станува збор за платформите, тоа е пазарот на кој победникот добива сè – рече Гејтс на настанот.

Тој откри дека најголемата грешка била лошото управување што го навело Microsoft да не биде тоа што е Аndroid.

– Беше природно Microsoft да победи во тоа. Постои простор само за еден оперативен систем кој не е на Apple и колку тој чини? 400 милијарди долари би завршиле кај компанијата M (Microsoft), наместо кај компанијата G (Google) – потенцираше Гејтс.

Google ја купи Android Inc. за помалку од 50 милиони долари и во 2007 година го најави новиот мобилен систем кој ќе овозможи пристап до Интернет на поголем број луѓе.

Гејтс вели дозволувањето на Google да ја има можноста да дојде до Android е една од најголемите грешки на сите времиња, но и покрај тоа, тој смета дека Microsoft е многу моќна компанија.

– Ние сме водечка компанија. Да не погрешевме, ќе бевме најголемата компанија. Но тоа è – заклучи тој.

Инаку, Гејтс е втората најбогата личност на светот, зад Џеф Безос, основачот на Amazon, со нето вредност од 102,9 милијарди долари, според проценката на Forbes.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот