Милевски: Не сум задоволен од резултатот, заслуживме победа

Селеткторот на фудбалската репрезентација на Македонија/фото: EPA-EFE/JOSE COELHO

Фудбалската репрезентација на Македонија со реми против Бугарија (1:1) го започна настапот во Лигата на нации во дивизијата Ц. „Црвено-жолтите“ доминираа во текот на целиот натпревар, но таквата игра не успеаја да ја крунисаат со победа.

Дури и во последните моменти од натпреварот можеа да доживеат шок бидејќи беше досуден пенал за Бугарија, но по прегледување на снимката, судијата Пињар ја преиначи одлуката бидејќи раката на Висар Муслиу била прилепена до телото.

– Прв натпревар во новиот циклус во Лига на нации против противник кој беше носител во нашата група. Натпревар како натпревар во кој можевме да дојдеме до победа, но долга е трката во Лигата на нации затоа што ова е само почеток на новиот циклус. Задоволен сум од начинот на кој фудбалеите му пристапија на натпреварот, како го одиграа второто полувреме, но секако не и од резултатот. Може комотно да кажам дека од првата минута до последната минута Македонија го контролираше мечот во секој сегмент од играта. Имавме шанси во првото полувреме, но од одредени делови во играта не можам да бидам задоволен. Второто полувреме, во овој период на крај од сезоната во момент кога добар дел од играчите се долго со завршени сезони, може да кажам дека го одигравме перфектно. Сметам дека немавме доволна зрелост во нападот дека не реализиравме многу шанси, но тоа е затоа што поголемиот дел од играчите, освен Алиоски и Трајкоски, се надвор од натпреварувачка форма. Може да резимирам, од резултатот не сум никако задоволен затоа што заслуживме чиста победа… Но, имаме уште многу за игра и во овој циклус и продолжуваме понатаму – изјави Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот