Милановиќ го критикуваше датумот за изборите во Хрватска: Тоа е кражба и срамота – Слободен печат
ВестиРегион

Милановиќ го критикуваше датумот за изборите во Хрватска: Тоа е кражба и срамота

Тој на Фејсбук наведе три причини за својата критика. Милановиќ верува дека на тој начин владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) сака да го намали бројот на граѓани кои ќе излезат на гласање и во првиот круг (22 декември) и во вториот круг (5 јануари).

Претседателскиот кандидат Зоран Милановиќ изјави денеска дека одлуката да се одржат избори за претседател на Хрватска на 22 декември е „кражба и срамота”, оценувајќи дека цел на премиерот Андреј Пленковиќ е да се спречат граѓаните да изберат „подобра Хрватска”.

Тој на Фејсбук наведе три причини за својата критика. Милановиќ верува дека на тој начин владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) сака да го намали бројот на граѓани кои ќе излезат на гласање и во првиот круг (22 декември) и во вториот круг (5 јануари), бидејќи семејствата тогаш најверојатно ќе бидат на одмор.

Исто така, Милановиќ оцени дека на тој начин се убива кампањата за втор круг, бидејќи се темпира времето на празници за да се „сокрие безвредноста на кандидатката на ХДЗ”, актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

„Се отстапува од праксата и правилата до кои се држеше политичката мајка на Пленковиќ – Јадранка Косор, која во 2009 година распиша прв круг избори меѓу Божик и Нова Година, ја посочи Милановиќ третата причина за својата критика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close