Мила Рељиќ освои златен медал на Израел „Г2 Опен“ во таеквондо

Голем успех на Мила Рељиќ на меѓународниот таеквондо турнир во Израел/Фото: Aleksandar Eftimov

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ од Таеквондо Клубот „Тигри Скопје“ оствари извонреден спортски успех на меѓународниот натпревар Винер Израел Опен од Г2 серијата на меѓународните светски натпревари. Нашата натпреварувачка успеа изминатиот викенд да се закити со златото во конкуренција сениорки -62 килограми.

На натпреварот учествуваа повеќе од 270 натпреварувачи од 25 земји во светот меѓу кои и САД, Кореја, Индија, Бразил, Шпанија, Германија, Велика Британија, итн.

Во својата категорија Рељиќ во борбата за златениот медал ги победи и репрезентативката на Израел, Наама Биненсток а во финалната борба со доминација ја победи и бронзената од последните Панамерикански Игри, претставничката од Еквадор, Мел Мина.

Ова е прв златен медал за 19 годишната Мила, која по освоениот бронзен медал во Загреб во јуни месец годинава ја докажа својата светска класа.

Тренерот на Мила, Александар Ефтимов најавува и нови успеси, претстојат Европското Клупско првенство од 22-26 август во Талин, Естонија, Европското првенство за млади до 21 година кое ќе биде крајот на месец септември во Албанија, а надежите се и за успех на Светското првенство во ноември месец во Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот