Микел Артета после поразот од Фулам: Го одигравме најлошиот меч во сезоната

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета/фото: EPA-EFE/DAVID CLIFF

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ги изрази своите впечатоци по поразот од Фулам во 20 коло од Премиер лигата. Арсенал го забележа вториот пораз за само неколку дена, по Астон Вила подобар беше и Фулам.

Артета е свесен дека мора да направи многу подобро за тимот да остане во трката за титулата во Премиер лигата.

– Тежок и тажен ден. Пред три дена загубивме натпревар кој требаше да го добиеме, а денеска го одигравме најлошиот натпревар во сезоната. Не успеавме да се наметнеме, не се заканивме доволно. Тоа беше едноставно не е добро и не заслуживме да победиме – изјави Артета.

Со два кикса, Арсенал пропушти шанса да се искачи на врвот на табелата, а тоа му даде шанса и на Ливерпул да ја зголеми предноста на водечката позиција:

– Имавме можност да ја завршиме годината на првото место на табелата и ова е навистина лошо чувство. Ако играме како во претходните 19 натпревари, ќе бидеме на врвот. Ако играме како денес, нема да бидеме никаде – вели Артета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот