ВИДЕО: Фулам непријатно го изненади Арсенал во Премиер лигата

Момент од натпреварот Фулам - Арсенал/фото: EPA-EFE/DAVID CLIFF

Се одиграа последните два натпревари од 2023 година во Премиер лигата, во рамките од 20 коло победи остварија екипите на Фулам и Тотенхем.

Арсенал ги разочара своите навивачи откако загуби на гостувањето кај Фулам со конечен резултат 2:1.

Играчите на Микел Артета одлично го започнаа мечот со погодокот на Сака во петтата минута.

Домаќините успеаја да израмнат во 29 минута преку Хименез, а триумфот го донесе Де Кордова-Реид во 60 минута.

Тотенхем триумфираше над Борнмут со 3:1, трите голови за домаќините беа дело на Сар во деветтата, Сон Хјунг-Мин во 72 и Ришарлисон во 80 минута. Гостите само успеаја да го ублажат поразот со погодокот на Скот во 84 минута.

На табелата води Ливерпул со 42 бодови, колку што има и второпласираната Астон Вила, следуваат Манчестер сити и Арсенал со по 40, Тотенхем е на петтата позиција со 39. Борнмут е на 12 место со 25 бодови, еден повеќе од Фулам на 13 место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот