Мијазаки излегува од пензија за да го сними неговиот последен филм

Хајао Мијазаки/Twitter
Хајао Мијазаки/Twitter

Филмот „How Do You Live?“ е заснован на истоимениот роман на Гензабуро Јошино, и ја следи приказната на едно петнаесетгодишно момче кое живее во Токио по неодамнешната смрт на неговиот татко.

Основачот на „Studio Ghibli“, Хајао Мијазаки, излегува од пензија за да го сними својот последниот анимиран филм. Според Горо Мијазаки, на неговиот татко му станало „толку здодевно, што морал да почне повторно да создава нешто за да може да живее“.

Хајао Мијазаки/Twitter
Хајао Мијазаки/Twitter

Во текот на својата четиридецениска кариера, познатиот режисер веќе неколкупати го најавуваше и се откажуваше од своето пензионирање. Неговите најави не се чина веројатни сè додека тој конечно не ги затвори продукциските канцеларии на „Studio Ghibli“, веднаш откако го сними филмот „The Wind Rises “ во 2013 година. Сепак, во рок од една година од пензионирањето, Мијазаки го известил продуцентскиот партнер Тошио Сузуки дека има уште една приказна да раскаже.

Иако моментално не постојат многу информации за премисата на филмот, ниту пак кога би можеле да ја очекуваме неговата премиера, од Сузуки дознаваме дека станува збор за „фантазија во големи размери“.

Филмот „How Do You Live?“ е заснован на истоимениот роман на Гензабуро Јошино, и ја следи приказната на едно петнаесетгодишно момче кое живее во Токио по неодамнешната смрт на неговиот татко.

Во неодамнешното интервју за „The New York Times“, Мијазаки не даде официјална потврда за насловот на филмот, но откри дека „го снима овој филм баш затоа што нема одговор на тоа прашање“ (прашањето што го поставува самиот наслов „How Do You Live?“

Уникатната магија на приказните на „Studio Ghibli“

 

Мијазаки се прослави со неговите анимирани филмови кои ја пренесуваат јапонската култура, митологија и честопати идејата за семејството на препознатлив, емотивен и оригинален начин.

Studio Ghibli/Twitter
Studio Ghibli/Twitter

Основано во 1985 година од Мијазаки, режисерот Исао Тахата и продуцентот Тошио Сузуки, „Studio Ghibli“ е познато по уникатното раскажување и класичната рачно цртана анимација. Најпопуларните дела од студиото ги вклучуваат „Spirited Away“, „Princess Mononoke“, „Howl’s Moving Castle“ и „Ponyo“.

„Studio Ghibli“ заработи пет номинации за Оскар, а „Spirited Away“ ја освои наградата за најдобар анимиран филм во 2003 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот