Мијалков се жали откако Обвинителството побара да му се „замрзнат“ „Мериот“ и куќата на Водно

Сашо Мијалков / Фото: EPA-EFE

Адвокатите на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, вложиле жалба на барањето на Обвинителството да се замрзнат уделите на фирмите поврзани со неговиот имот, вклучувајќи ги и тие во хотелот „Мериот“, како и неговата приватна куќа на Водно, објави Телма.

Хотелот „Мериот“, куќата на Мијалков на Водно, како и неговите удели во Офицерскиот дом, се само дел од долгиот список на обвинителката Вилма Русковска која се сомнева дека овој имот може да биде отуѓен. Одлуката е од предметот „Империја“, за кој Русковска очекува да заврши со обвинение. Освен живеалишта и луксузен имот, предмет за заплена е и дел од имотот кој е даден како гаранција за Мијалков да излезе од притвор.

Одлука по жалбата на одбраната на Мијалков се најавува за вторник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот