Мигрантски судбини: Децата без придружба префрлени во Солун по пожарот во кампот на Лезбос

Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

По големиот пожар во бегалскиот камп „Мориа“ на Лезбос, децата-мигранти без придружба кои беа сместени во прифатниот центар, пристигнаа во Солун со три различни летови, јави дописничката на МИА од Атина.

Синоќа, со директен лет од Лезбос, беше превезена првата група со 165 деца, додека утрово заврши процедурата на пренесување на сите 408 деца.

Како што соопшти претседателот на Националната организација за јавно здравје, Панајотис Аркуманеас, сите деца пред заминување од Лезбос биле тестирани за Ковид-19.

Транспортот на децата бегалци без придружба го организираше Меѓународната организација за миграција во соработка со грчката Влада, а со финансиска помош од Европската Комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот