Мигрант убиен вечерва во Сараево (ВИДЕО)

Тело на убиен мигрант е пронајдено вечерва во Сараево, соопшти Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон.

Телото е пронајдено во близина на кружен тек во општина Илиџа, а брза помош пристигнала на местото и се обидела да го реанимира човекот, објави порталот „Кликс“.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека не е познато кој му нанел смртни повреди на мигрантот, а според неофицијални извори, мажот починал половина час откако бил прободен со нож, пишува сараевскиот портал.

Лекарот од Институтот за итна медицинска помош ја констатирал смртта во 19,50 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот