Мицотакис со предлог за брендовите: Македонските да бидат „Macedonia“, а грчките „Makedonia“

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис предложил како да се разграничат производите кои доаѓаат од земјава и оние кои се од Грција.

Грчките медиуми пишуваат дека грчкиот премиер предлага трговските марки од државава, во светски рамки да бидат брендирани со името „Мacedonia“, a продуктите од грчка Македонија да бидат брендирани како „Мakedonia“.

Тој идејата ја претставил пред претставниците на грчката Асоцијација на извозници на состанокот одржан во Солун. Оттаму велат дека до неа дошол откако на Гугл пребарувал со зборот „Мacedonia“, и дошол до заклучок дека најголем дел од резултатите водат до името на нашата земја.

Екс премиерот Ципрас изрази потсмев на својот Фејсбук профил за идејата на Мицотакис.
„Како никогаш не ми текна на ова. Само смени го „С“ со „К“ и решен проблем. А колку пати Кирјакос доаѓаше во владата да разговараме за името и никогаш не ми го кажа овој предлог. Сите паметни предлози си ги чувал само за себе““, напиша Ципрас на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот