Мицотакис: Април ќе биде клучен месец

Април ќе биде клучен месец, и покрај фактот што засега, се справуваме подобро од другите земји, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на ситуацијата со коронавирусот во земјата на почетокот на состанокот со надлежните за програма од општините за помош на ранливите групи граѓани, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис ја истакна важноста од спроведувањето на досегашните мерки, нагласувајќи дека е потребно и оние кои не ги почитуваат „да сфатат дека на тој начин го ставаат во опасност не само нивното здравје, туку и здравјето на луѓето кои ги сакаат”,

Тој потенцираше дека Владата доколку оцени дека треба да интервенира за мерките да станат построги, тогаш и ќе го стори тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот