Мицковски до Заев: Вие сте опседнат со Никола Груевски

Откако лидерот на СДСМ Зоран Заев на Мицкоски на почетокот на дебатата на Канал 5 му спомена да се огради од поранешниот лидер Никола Груевски кој се уште раководел со ВМРО – ДПМНЕ, тој му возврати:

-Се возите во мерцедесот на Никола Груевски, седевете во барокната зграда. Опкружени сте со соработниците на Груевски. Вие сте опседнат со Груевски. Оставете го веќе еднаш, му порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на експремиерот Зоран Заев.

– Ајде да зборуваме за вистински реформи. Зошто вашиот адвокат правеше интервенции? Зошто барате амнестија за вас? Ве гледам во очи и ви кажувам дека сите што се огрешиле пред законот ќе бидат изведени пред правдата. Овој закон што вие го донесовте, токму тоа не го дозволува. Ве гледам во очи и ви кажувам дека ќе одговарате – рече Мицкоски.

Заев одговори дека тој е чист како бел ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот