Мицкоски: Уверен сум дека народот ќе му го заврти грбот на Зоран Заев (ВИДЕО)

Во проектот „Обнова” ќе најдете повеќе од 1.000 проекти. Ќе најдете до 25 проценти зголемена просечна плата во еден мандат, најмалку до 20 проценти повисоки пензии, најмалку 1.000 нови и реконструирани патишта, четири милијарди евра странски и домашни инвестиции, порача вечерва од општина Карпош претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Нагласи, дека тоа што ги прави поразлични од своите политички противници, е љубовта кон својата држава.

– Ја чувствувам енергијата на промени, дека народот сака овој пат да си ја врати државата, која му беше киднапирана. За тоа да се случи потребно е на 15 јули масовно да излеземе и да го заокружиме редниот број 14, за победничката листа на коалицијата за „Обнова на Македонија”, изјави Мицкоски.

Прочитајте и...  Демонстрантите во Бејрут обесија картонски ликови на премиерот и членовите на владата (ВИДЕО)

Македонскиот народ, нагласи Мицкоски, секогаш се исправувал и победувал и против потешки протовници и пред поголеми предизвици и затоа изрази убедување дека на 15 јули ќе ја покаже таа победничка енергија.

Дефицитот во буџетот е 420 милиони евра, рече Мицкоски, пари потрошени за поткуп на овие избори.

– Но, јас сум непоправлив оптимист и уверен сум дека народот ќе го препознае тоа и ќе му го заврти грбот на Зоран Заев, изјави Мицкоски.

Се обврзувам, рече тој, дека во првите шест месеци ќе докажеме секој што се огрешил пред народот.

Средба со жителите на Карпош, 03.07.2020

Средба со жителите на Карпош, 03.07.2020

Publiée par Hristijan Mickoski sur Vendredi 3 juillet 2020

– Ние нема да почнеме со ветинг од судството. Ќе почнеме со ветинг на политичарите. Да видиме кој политичар како се богател и неколкупати го зголемувале сопствениот капитал. Секој да се провери. Јас лично прв се пријавувам да бидам подложен на ветинг, ама потоа ќе продолжиме со сите, изјави Мицкоски.

Прочитајте и...  Експлозија пред воена база во Могадишу, најмалку осум мртви

Носителката од ВМРО-ДПМНЕ на листата во ИЕ 1 Гордана Силјановска Давкова, порача дека по 15 јули треба ставиме крај на уникатниот политички систем, на уникатниот јазичен модел, на уникатната демократија и политичка култура и да си го откриеме, исправиме и возобновиме европското во нас.

– Македонија мора да стане стабилна држава со стабилни институции, наместо со пресилни поедници. Парламентот мора да стане демократска школа и да ја контролира владата, нагласи Силјановска Давкова.

Модерна Европа, посочи Силјановска Давкова е сојуз на држави нации, и затоа само со граѓански брод можеме мирно да пловиме низ европскиот простор.

Прочитај повеќе

Во Херцег Нови дури 92 проценти помалку туристи од минатата година

Слободен печат

Мета: Време е албанските граѓани да станат господари на својата земја

Слободен печат

Граничната полиција на БиХ спречи 183 мигранти да ја преминат границата

Слободен печат

Во Албанија и денеска високи бројки на новозаразени со Ковид-19

Слободен печат

Повеќе од 30 мигранти спасени во каналот Ла Манш

Слободен печат

Традицијата во чест на „Св. Пантелејмон” и годинава продолжува на Голак

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ПОЖАР ВО СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ЧЕШКА: Најмалку 10 мртви (ВИДЕО)

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот, досега починале 726.415 лица

Слободен печат

Либанскиот премиер повика на предвремени избори

Слободен печат

Српската дијаспора на протести ширум светот (ВИДЕО)

Слободен печат

Макрон: САД треба да реинвестираат во Либан

Слободен печат

Демонстрантите во Бејрут обесија картонски ликови на премиерот и членовите на владата (ВИДЕО)

Слободен печат