20 C
Скопје

Мицкоски: Пасошите на Спасовски се уште се во посед на мафијашите, може тие се уште ги користат

Вечерва во Клан телевизија во интервју претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со издадените пасоши од МВР и скандалот, истакна дека истите се сеуште во поседување на мафијашите, како и тоа дека постои веројатност дека тие сеуште ги користат истите.

-Јас не слушнав некој да каже веќе неколку дена дека тој пасош е непостоечки, можеби тој човек сеуште го користи тој пасош или таквите како него кои се стекнале со македонски пасоши, може направиле некое кривично дело во меѓувреме под тие пасоши и под тој идентитет практично можат да прават кривични дела, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека во Украина имаше случај на македонски државјанин кој како нарко бос или човек проблематичен за правдата, за потоа да сфатиме дека било лице кое не било Македонец, но имало македонска патна исправа.

-Овој проблем може да се реши само со одговорност, но не одговорност на службениците на шалтер нема да се надмине и реши овој проблем, посочи Мицкоски.

Тој додаде дека пасошите се издадени во време кога Оливер Спасовски е министер, како и дека скандалот е голем срам за државата.

Поврзани вести

Николоски: Не очекувам нови кадри или идеја од конгресот на СДСМ што ќе ја извади Македонија од здравствена и економска криза

Слободен печат

Пендаровски: Должни сме да се бориме против кршењето на човековите права и антициганизмот како специфична форма на расизам кон Ромите

Слободен печат

Заев: Благодарам до мојата другарка Шекеринска

Весна Тодоровска

Почина Јаков Лазароски, универзитетски професор и претседател на Претседателството на ЦК на СКМ

Слободен печат

Заев: За мене немаше мирно море

Весна Тодоровска

Папата ги осуди насилствата меѓу Израел и Хамас

Слободен печат

Остави Коментар