Мицкоски од Брвеница: Се обврзавме на најмали даноци за бизнисмените во Европа

Христијан Мицкоски

Од тетовската Брвеница, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со граѓаните, порача дека читанката насловена „Проект Обнова” ќе биде „водилка за Владата и основа за иднината на Република Македонија”, потенцирајќи дека во неа има над 1.000 мерки со кои се опфатени планови, политики и проекти, со цел, како што рече, „да има реформи во секој сектор и за секој граѓанин”.

– Се обврзавме на најмали даноци за бизнисмените во Европа. Зголемување на плати и пензии и многу работи со што се обврзавме дека ќе помогнеме на сите кои сега се чувствувата обесправени и омаловажени, истакна Мицкоски.

Тој упати порака до СДСМ дека ќе престане, како што рече, „тргувањето” со Гоце Делчев.

– Нема никаква историска комисија во која ќе преговараме дали Гоце Делчев е Македонец. Нема да преговараме за македонскиот јазик. Преку проектот Обнова се обврзуваме дека ние ќе бидеме факелот и огнот кој ќе го расплиме и ќе бидеме чувари на Македонија, потенцираше Мицкоски.

Пред присутните граѓани во Брвеница се обрати и носителот на листата на кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица, Дафина Стојаноска, која порача дека на 15 јули народот ќе расчисти со Зоран Заев, а потоа ќе дојде обновата.

– Ги злоупотребија ваучерите да дадат по три, шест или девет илјади денари, а одзедоа милиони од народот, рече Стојаноска.

Таа нагласи дека за неа е огромна чест и одговорност да биде носител на листа на која што се наоѓаат луѓе „кои си ја сакаат и чуваат Македонија”.

– Луѓе кои се подготвени да се борат за правда и нејзин напредок, за честа и достоинството на сите нас, за заедничка корист за сите, а за ничија штета, истакна Стојаноска.

За проектите предвидени во проектот Обнова зборуваа и кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата од општина Брвеница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот