Мицкоски: Не може човек којшто е обременет со обвиненија да биде реформатор

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев во предизборен дуел дебатираат на Телевизија 24, а нивен домаќин е новинарот Младен Чадиковски.

-Го донесовме законодавството, почистување на судството, допрва ќе следува како процес, за да може да се исчисти судството од сите оние криминални стриктури во судството, мотивирани за пари, коишто работат под конекции и влијание од политиката и слично за да може чесните судии да работат- рече Заев.

Реизборот или ветингот, рече Заев, не беше одобрен од европската делегација заради тоа што бараа поединечна одговорност и еве сега ќе има прочистување во судството.

-Реизборот ќе значи распуштање на целото правосудство со можност секој да се кандидира, прочистувањето значи комплетно ревидирање на секој поединечен случај.

На оваа изјава реплицираше лидерот на ВМРО, кој рече дека е несериозна оваа изјава на Заев.

-Не сериозна е оваа изјава, бидејќи имаа три години да направат буквално се што ветија, го разбирам Заев, не успеаја да направат тоа што ветија и сега ќе бараат начин како да се вадат, затоа што не успеале. Да бев во негова позиција и јас би реагирал како него. Се согласувам дека има многумина во државава коишто аплицираа на Академијата за обвинители и судии, но за жал сите немаат исти шанси- рече Заев.

Мицкоски го спомена последниот предлог на претседателот на државата, Пендаровски, за член Судскиот совет, се работи за една девојка, потенцираше Мицкоски, која што не се срами на Фејсбук да ги изрази симпатиите кон СДСМ и сопствениот активизам.

-Ако така ја замислувате реформата во судството, тогаш простете, ние така не ја замислуваме, туку ние навистина цениме дека треба да влеземе во костец со проблемите. Вие влеговте во овој процес на реформирање на судството со едно обвинение коешто во тоа време беше случајот „Поткуп“, а јас влегувам без никакво обвинение. Не може човек кошто е обременет со обвиненија да биде реформатор- рече Мицкоски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот