Мицкоски: Ако бидам премиер никогаш нема да кажам „Северна“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема никогаш да ја изговори придавката Северна дури и по цена да му го одземат мандатот. Оваа изјава тој ја даде во дебатата на „Клик Плус“ на ТВ21.

– Ако бидам премиер никогаш нема да го изговорам името со Северна, нека ми го одземат мандатот ако треба“, беше дециден вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – вели Мицкоски.

На сугестијата дека треба да се обиде да привлече гласови и од албанската етничка заедница за претседателските избори како што тоа наводно го направил претходниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, во случајот со Борис Трајковски, Мицкоски рече дека нема намера да да пие такво кафе со партиите на Албанците и нема да договара трговија со гласовите.

Изјавата на Мицкоски може да го видите на следниот линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот