Мицкоски не прифаќа дуел со Арсовска, имала доволно дуели во Советот на Град Скопје

Данела Арсовска, Христијан Мицковски / Фото: Слободен печат, ЕПА / Колаж: Слободен печат.
Данела Арсовска, Христијан Мицковски / Фото: Слободен печат, ЕПА / Колаж: Слободен печат.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска има доволен број дуели во Советот на Град Скопје и нема потреба да излезам на дуел со неа, изјави денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на тетовско Прељубиште во Општина Јегуновце.

 Јас ценам дека ние лидерите на двете партии сме одговорни да обезбедиме тоа што им е потребно на граѓаните и на тоа ниво го повикувам Ковачевски да излеземе пред граѓаните да дебатираме. Кога Арсовска има нешто да каже, мислам дека тоа го прави исклучително плодно на седниците на Советот на Град Скопје заедно со советниците. Мислам дека е тоа вистинско место каде таа треба да ги манифестира своите дебатерски капацитети – рече Мицковски.

На последната седница на Советот на Град Скопје, градоначалничката од говорница го повика Мицковски да не бега и да прифати дуел со неа.

Нов заменик на Арсовска е Александар Трајановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски го повика Ковачевски да не дезертира од дуел: Да се соочиме пред граѓаните кој ја говори вистината, кој не

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот