Мета: Рама да се откаже од притисоците и уцените

Илир Мета / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Албанскиот претседател Илир Мета, во изјава за медиумите од Драч, го повика албанскиот премиер Еди Рама да се откаже од притисоците и уцените и да го спроведе декретот на претседателот за одржување на локалните избори на 13-ти октомври, пренесува ТвКлан.

– Уште еднаш ги повикувам сите, особено трите уметници да ѝ дадат крај на оваа апсурдност, да преземат мерки за локалните избори на 13 октомври, бидејќи албанските граѓани имаат потреба од мир, нормалност, локална законска и легитимна власт што гарантира давање отчет за сите нивни проблеми. Секако дека локалните избори на 13 октомври не верувам дека ќе решат сè, но ова е неизбежна правна и уставна обврска, прво тоа е обврска на премиерот за да се откаже од притисоците и уцените од сите други институции преку спречување на спроведувањето на овој декрет, и без сомнение е одговорност на сите други да се подготват за учествуво во изборите на 13 октомври – изјавил Мета.

Тој, исто така, рече дека испратил писмо до лидерите на ОБСЕ за преговарање со двете страни во Албанија за да се постигне побрзо решение во наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот