Мета ќе организира протести на втори март: Време е институциите да се вратат во рацете на народот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, денеска изјави дека на втори март ќе организира протести.

Според него, дојдено е време институциите да се вратат во рацете на народот, додека повторно ја обвини власта за државен удар.

– Соучесници во државниот удар се самата влада, мнозинството, и пола од парламентот, вие знаете зошто го нарекувам така. Има сомневања дека и други личности се поврзани и кои ќе бидат евидентирани во наредните денови. Секој ден ќе има вести за државниот удар. Од втори март ќе се потпише првиот декрет, пред албанскиот народ на булеварот ќе склучиме завет. На втори март попладне ве чекам пред булеварот и ви давам збор дека многу брзо нема да биде само една институција во одбрана на републиката, туку сите институции ќе бидат вратени на народот, изјави Мета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот