Местото и овластувањата на Мизрахи ги презема заменик министерот Бајрактар

Пред распуштањето на Собранието, беше разршена министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, на предлог на премиерот Оливер Спасовски, откако таа се појави на конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија”.

Ѓонул Бајрактар, заменикот на министерот за труд и социјалната политика, со заклучок на Владата ги презел овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика.
-На 10. редовна седница Владата на Република Северна Македонија донесе заклучок со кој се констатира дека се создадени условите од член 48, став 2, од Законот за организација и работа на органите на државната управа и од тие причини Ѓонул Бајрактар, заменикот на министерот за труд и социјалната политика, ги презема овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика, се вели во соопштението од владината прес-служба.
Од Владата појаснуваат дека согласно со став 2 на член 48 од Законот за организација и работа на органите на државната управа во делот 4 што го уредува раководењето со органите на државната управа и нивни меѓусебни односи, се вели дека заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, со сите негови овластувања и одговорности во раководењето.
Изминатиот викенд, пред распуштањето на Собранието, беше разршена министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, на предлог на премиерот Оливер Спасовски, откако таа се појави на конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија”. Со тоа, како што образложи Спасовски, се прекршени законите кои го уредуваат уставното име на земјата. Спасовски испрати барање до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да предложи друг кандидат за министерската функција, но тоа не се случи.
Прочитајте и...  Загриженоста за побарувачката ги задржа цените на нафтата под 23 долари

Прочитај повеќе

На сета мака оддекна експлозија во Италија: Шест лица извлечени од под урнатините!

Слободен печат

Коронавирусот и коси и домородците во Амазонија

МИА Агенција

Мажот пронајден починат во својот стан во Битола немал коронавирус

Слободен печат

Партијата на Шарец против давањето широки овластувања на словенечката војска

МИА Агенција

За два дена 300.000 лица Романци останаа без работа, бројот на невработени се искачи на 800.000

МИА Агенција

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Апел до германските државјани да не патуваат за време на велигденските празници

МИА Агенција

ССНМ и ЗНМ: Отпуштање новинари не смее да биде прва мерка за справување со кризата

Слободен печат

Европскиот парламент ја понуди својата зграда за болница

МИА Агенција

Кој ќе ги прекрши мерките за изолација во Франција, ќе работи општествено корисна работа во болница!

Слободен печат

Бритиш Американ Тобако развива вакцина против Ковид-19, производство веќе од јуни

МИА Агенција

Коронавирусот се шири во словенечките домови за стари лица, свикан кризен состанок

МИА Агенција