Меси изненади со изјавата со Роналдо

EPA/Alejandro Garcia

Кристијано Роналдо и Лионел Меси се двајцата најдобри фудбалери на денешницата. Ривалството на двајцата фудбалери во последната деценија е едно од најголемите во историјата на фудбалот, кое ги направи подобри не само играчите туку и нивните клубови, Барселона и Реал Мадрид.

Меси е производ на славната академија на Барселона, „Ла Масија“, додека Роналдо во 2008 година пристигна во Реал Мадрид и во последните 11 години, двајцата фудбалери доминираат во светскиот фудбал.
Токму затоа Меси призна дека му недостасува Роналдо кој минатото лето го напушти Реал Мадрид и се пресели во Јувентус.

– Пред почетокот на сезоната кажав нешто што ги разбесни „мадридистите“, но се покажа дека сум во право. Тогаш кажав дека Роналдо многу ќе му недостасува на Реал Мадрид. Па како да не се почувствува изостанувањето на играчот кој просечно даваше по 50 голови по сезона. Роналдо и недостасува на целата Ла Лига бидејќи и неа ја правеше силна, важна како и неговиот клуб. Ми недостасува и на мене, Барселона и јас против неговиот Реал Мадрид моравме да бидеме се подобри доколку сакавме да ја освоиме титулата. Тој тип на ривалитет беше добар за сите нас – изјави Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот