Меркел телефонски разговарала со Мицотакис и Ердоган

Германската канцеларка Ангела Меркел/ Фото: Архива на Слободен Печат

За развојот на настаните во Источниот Медитеран, германската канцеларка Ангела Меркел, телефонски разговарала со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердогн, јави дописничката на МИА од Атина.

-Господинот Мицотакис во пресрет на утрешниот вонреден состанок на Советот за надворешни прашања на Европската Унија, ја информираше госпоѓа Меркел за турските прекршувања, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер.

Според турската новинска агенција „Анадолу”, Ердоган, за време на телефонскиот разговор со Меркел истакнал дека Турција верува во решавањето на проблемите во Источниот Медитеран во рамки на меѓународното право, базирано на дијалог и правичност.

Ердоган: Дијалогот е единствено решение за спорот во Медитеранот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот