Ердоган: Дијалогот е единствено решение за спорот во Медитеранот

Без било кого да именува, Ердоган рече дека една земја која нема ниту брег во Источниот Медитеран ја турка Грција да презема „погрешни потези“ во регионот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека дијалогот и преговори се единствен начин за решавање на спорот меѓу Турција и Грција околу истражувањето на енергенсите во Источен Медитеран, додавајќи дека Анкара не се стреми кон никаква „авантура“ во тој регион.

„Патот кон решение на спорот во Источен Медитеран е во дијалогот и преговорите. Ако делуваме здраворазумски, ќе може да најдеме решение кое ги задоволува заедничките интереси. Не бараме авантури или подигнување на напнатоста“, рече Ергодан.

Турција и Грција имаат спор околу територијалните води богати со енергенси, а тензиите меѓу двете земји пораснаа во понеделникот откако Турција во спорното подрачје покрена истражување на нафта и гас.

Атина веднаш го осуди тој потег како илегален и побара поддршка од сојузните во Европската унија.

Франција веднаш ја повика ЕУ да воведе санкции за Турција и денеска во водите на Крит со грчките сили одржа воени вежби.

Со заеднички грчко – француски воени вежби францускиот претседател Емануел Макрон првпат јасно даде до знаење дека неговата земја сака да ја засили својата присутност во Источен Медитеран.

Франција претходно денеска соопшти дека „привремено ја засилува“ својата воена присутност на Источниот Медитеран „за да ја следи состојбата во регионот и да ја покаже својата одлучност да се почитува меѓународното право“.

Без било кого да именува, Ердоган рече дека една земја која нема ниту брег во Источниот Медитеран ја турка Грција да презема „погрешни потези“ во регионот.

„Никој за себе не би требало да има превисоко мислење. Да бидам потполно јасен: не обидувајте се да изведувате претстава“, порача Ердоган.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот