Меркел со честика до Бајден: САД остануваат најважен партнер на Германија и на Европа

Фото: EPA-EFE/Maja Hitij / POOL

Германската канцеларка Ангела Меркел му честиташе на Џозеф Бајден за победата на претседателските избори во САД. Таа рече дека Европската Унија (ЕУ) и САД мора да работат заедно за справување со предизвиците на современиот свет, особено пандемијата на коронавирусот, климатските промени и тероризмот.

– Целиот свет со посебен интерес ги следи претседателските избори во САД на секои четири години. Американските граѓани го направија својот избор. Искрено му честитам на Џозеф Бајден на изборот за 46. претседател на САД. Бајден ќе придонесе со своето долгогодишно искуство во внатрешната и надворешната политика. Тој добро ги познава Германија и Европа, истакна Меркел, додавајќи дека се сеќава на личните состаноци и преговори со него.

Таа нагласи дека „САД ќе останат најважниот сојузник на Германија и Европа”.

– Ние, Германците и Европејците, знаеме дека во рамки на тоа партнерство, во 21. век, треба да преземеме поголема одговорност. Америка беше и ќе остане наш најважен сојузник, но од нас очекува да ја гарантираме нашата безбедност и да ги развиваме нашите верувања во светот, изјави германската канцеларка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот