Меркел: Германија уште носи одговорност за минатото на Израелците

Меркел и Бенет/ Фото EPA-EFE/MENAHEM KAHANA / POOL

Канцеларката Ангела Меркел изјави дека Германија се уште носи одговорност за Израел. Изјавата ја даде по средбата со израелскиот премиер Нафтали Бенет во Тел Авив,каде престојува од вчера, пренесува Тајмс оф Израел.

„Холокаустот, се разбира, е единствен настан за кој ние и понатаму сме одговорни. Во секоја фаза од минатото, како и во иднина“ изјави денеска Меркел пред новинарите.

„Да не бидеме неутрални и да заземаме јасен став во корист на израелската безбедност, без разлика колку е тешка ситуацијата“, порача канцеларката во заминување.

Бенет рече дека Меркел, која се повлекува откако ќе завршат преговорите за коалиција во Германија по изборите во септември, е „моралниот компас на целиот европски континент”.

Тој ја пофали улогата на 67-годишната политичарка во консолидирање на специјалниот однос меѓу двете земји врз основа на „историската, длабока рана” нанесена од нацистичка Германија врз Евреите во Втората светска војна.

Посета на Меркел во Израел/ Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN

Меркел се сретна и со израелската влада. Владејачката коалиција се состои од вкупно осум партии, од деснота и левата страна од спектарот, вклучувајќи ја и арапска партија по првпат. Десничарскиот конзервативец Бенјамин Нетанјаху беше ослободен од функцијата премиер во јуни, откако беше на власт од 2008 година.

Канцеларката, исто така, планира да разговара со претседателот Исак Херцог и министерот за надворешни работи Јаир Лапид, првпат откако владата и претседателот ги започнаа мандатот во јуни и јули.

Последна официјална посета на Меркел во Израел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот