Последна официјална посета на Меркел во Израел

Германската канцеларка Ангела Меркел/ Фото Архива на Слободен печат

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска пристигна во Израел во прошталната посета, потврди портпаролот на германската влада, пренесува Ројтерс.  

Посетата ќе вклучува средби со претседателот Исак Херцог и премиерот Нафтали Бенет. Меркел ја напушта функцијата штом се формира новата влада во Германија по изборите одржани во септември. 

Претходно, таа го посети папата во Ватикан. Меркел денеска треба да се сретне со Бенет, Херцог и министерот за надворешни работи Жаир Лапид за прв пат откако новата израелска влада ја презеде функцијата во јуни. Патувањето во Израел закажано за крајот на август беше откажано поради настаните во Авганистан. 

Видео на денот