„Мерк“ побара дозвола од ФДА за прва таблета против ковид-19

Болница во САД / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA

Американската фармацевтска компанија „Мерк“ побара од Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска да одобри нов лек за борба против ковид – молнупиравир.

Според американските медиуми, одлуката на ФДА ќе биде донесена во следните неколку недели и тоа ќе биде првиот официјален антиковид лек во светот. Други антиковид третмани одобрени од ФДА бараат интравенозно вбризгување или инекција.

Антивирусната таблета ќе се зема дома и ќе ги сузбие симптомите на ковид на почетокот на болеста и ќе го забрза закрепнувањето. ФДА ќе ги разгледа податоците на Мерк, ќе ја разгледа безбедноста и ефикасноста на лекот пред да донесе одлука, јавија американските медиуми.

Извор: МИА

Лекот „Регенерон“ против ковид-19 пристигна во Израел, но повеќето пациенти го одбиваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот