Менталниот напор ги сотре германските работници

Менталниот напор, стресот и симптомите на исцрпеност ќе стануваат се почести, изјавиле во истражувањето 70 отсто од претставниците на анкетираните компании во Германија, пренесува германската новинска агенција (ДПА), објави Н1 Инфо.
Речиси 39 проценти од директорите и менаџерите изјавиле дека психолошкиот стрес на работното место е веќе доста чест во нивните компании. Истражувањето нарачано од осигурителната компанија ТК го презентираше Институтот за здравствено советување на работното место, пренесува Феникс. Меѓу осигурениците, менталната болест беше една од главните причини за отсуство од работа, рече Карен Вокенхорст, шеф на човечки ресурси во ТК.
Според податоците на ТК, просечниот број на денови на боледување поради психички нарушувања кај осигурениците во минатата година продолжил да се зголемува – вработените со вакви дијагнози отсуствувале во просек 3,33 дена наспроти 3,17 дена од претходната година.
Синдромот на исцрпеност предизвика просечно 1,95 дена боледување минатата година – во споредба со 1,85 дена во 2021 година. Во 2012 година, ваквите дијагнози предизвикаа просечно 1,47 дена отсуство од работа.