МЕЛАНИЈА ТРАМП КОРИСТИ ДВОЈНИЧКА? Оваа снимка од Нормандија го докажува тоа! (ВИДЕО)

ПРИНТСКРИН

Оние кои го следат секој чекор на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп, тврдат дека првата дама користела двојничка во текот на посетата на гробовите на американските војници во Франција.

Американскиот претседател и првата дама Меланија Трамп допатувале во Франција по повод одбележувањето на 75-годишнината од Денот Д.

Како дел од нивното патување, парот ги посетил американските гробишта во Нормандија каде се погребани 9.388 американски војници кои трагично ги загубиле своите животи во текот на Втората светска војна.

ПРИНТСКРИН

Меѓутоа, некои корисници на Твитер се убедени дека Меланија користела двојничка, а тоа го потврдуваат и со снимка.

На видеото се гледа како Меланија носи букет со својот сопруг и двајцата стојат пред францускиот претседател Емануел Макрон и сопругата Брижит.

Поранешниот модел потоа клекнува на еден од гробовите и го положува букетот.

Но, говорот на телото, позиционирањето и самата појава на Меланија Трамп убедија некои фанови да тврдат дека тоа воопшто не е она.

„Тоа е агент на тајната служба кој се претставува како ФЛОТУС”, напишал еден.

„Кога и да ја видите да носи очила, знајте дека станува збор за двојничка”.

„Исто така можете да забележите дека Трамп е супер-згоден со неа како што никогаш не е со Меланија”.

Друг се сложил и додал „Плус и не ја тера да стои позади него”.

Трет коментирал: „Меланија има двојничка? Дали е тоа причината зошто француската прва дама се држи на дистанца?”.

Теоријата за двојничката за првпат се појави во октомври 2017 година кога актерката и комичарка Андреа Вагнер Бартон сподели статус во кој праша дали првата дама е заменета со жена слична на неа. Оние кои веруваат во теоријата укажуваат на разните прилики во кои првата дама користела двојничка од безбедносни причини или кога имала други обврски, но тоа никогаш не се потврдило.

Трамп дури зборувал и за ваквата завера откако повторно се појави фотографија во март, нарекувајќи ја “лажна вест”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот