Медведев тврди дека Зеленски сака да анектира руски територии

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев коментирајќи го потпишувањето на указот „за историско наследство на Украинците на територијата на Руската Федерација“ истакна дека украинскиот претрседател Володимир Зеленски сака да анектира руски територии.

– Високиот украински наркоман повлече едноставен пропаганден потег, предизвикан од неуспехот на фронтот, наведе Медведев.

Според указот на Украинците кои живеат на територијата на Русија треба да им се обезбеди „право на образование на украински јазик и негова слободна употреба, пристап до медиуми на украински јазик и право на мирно собирање“. Зеленски и наложи на Владата да подготви со меѓународни експерти и да поднесе до Советот за национална безбедност и одбрана акциски план за „зачувување на националниот идентитет на Украинците во Руската Федерација, вклучувајќи ги и земјите во кои историски живееле“.

Според Зеленски указот придонесува за „враќање на вистината за историското минато заради иднината на Украина“.

– Одеднаш шмркна двојна доза и потпиша декрет за територијални претензии кон Русија, на земји „историски населени со Украинци“. Нема што да се коментира, бидејќи Украинците се Руси, а Мала Русија е дел од Русија. И време е главниот „Украинец“ да се откаже. Во спротивно ќе ја анектираат и Канада, напиша Медведев на Телеграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот