ВИДЕО: Медицинските сестри од Здравствен дом Скопје откако добија кратка обука, се подготвени за апликација на вакцините Фајзер

Елизабета Ефремовска и Маријана Којчева се медицински сестри од Здравствен дом Скопје кои се дел од тимот за спроведување на вакцинацијата, и по поминати три кратки обуки, подготвени се справуваат со предизвикот кој го носи вакцинирањето против ковид-19.

ГАЛЕРИЈА: Започна вакцинацијата против ковид-19 во Македонија, погледнете како течеше првиот ден

– Подготвени сме и чекаме да започне вакцинацијата. Имавме мала обука бидејќи станува збор за специфична вакцина, од аспект на растворање и чување, бидејќи вакцината треба да се чува на температура од минус 30 до минус 70 степени. Тоа е голем проблем бидејќи следува процедура на одмрзнување за точно определено време. Дополнително, од едно шишенце се раствораат шест вакцини. Имавме проби и веќе го совладавме процесот, рече Елизабета во Утрински брифинг.

Термините ќе се закажуваат на 15 минути, но во еден термин ќе бидат закажани шест пациенти.

Маријана вели дека тие нема да бидат опфатени во првата фаза на вакцинација бидејќи не се во директен контакт со ковид пациенти, но се пријавиле за вакцинација и ги охрабрува и останатите граѓани да не бидат скептични и да се вакцинираат.

Погледнете го целиот разговор во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот