Медицинска сестра во Италија си го одземала животот откако се заразила со коронавирус: Била загрижена дека го проширила на многу луѓе

Фото: EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Околу 5,760 здравствени работници во Италија се заразени со коронавирус, што претставуваат околу осум проценти од вкупната бројка на случаи.

Медицинска сестра од Италија си го одземала животот откако се тестирала позитивно за коронавирус и стравувала дека заразила многу други луѓе, пишува „Дејли меил“ повикувајќи се на федерацијата на медицински сестри во земјата.

Даниела Треци (34) работела на првата линија за време на кризата со коронавирусот во болница во Ломбардија, најсилно зафатениот регион од заразата во Италија.

Националната федерација на медицински сестри на Италија ја потврди нејзината смрт, изразувајќи „болка и загриженост од настанот“.

Федерацијата информираше дека сестрата имала „голем стрест“ бидејќи стравувала дека го ширела вирусот додека се обидувала да ја стави кризата под контрола.

Даниела Треци работела во одделот за интензивна нега во болницата Сан Герардо во Монца, на петнаесетина километри од Милано, но била во карантин откако покажала симптоми на коронавирусот, а потоа била и тестирана за болеста.

Националната федерација исто така информирала дека сличен настан се случил пред една недела во Венеција, а причините за самоубиството исто така биле исти.

– Сите од нас ја избраа оваа професија за во добро, но и за жал, во лошо: ние сме медицински сестри. Условите и стресот на кој нашите професионалци се изложени е пред очите на сите – констатираат тие.

Генералниот менаџер на болнцата Сан Герардо, Марио Алпароне, рече дека Даниела била дома од 19 март, и дека не била „под надзор“.

Властите сега ја разгледуваат нејзината смрт, според локалните медиуми.

Според бројките на кои „Дејли меил“ се повикува, а објавени од Италијанскиот институт за истражување, околу 5,760 здравствени работници во оваа земја се заразени со коронавирус, што претставуваат околу осум проценти од вкупната бројка на случаи. Според последните податоци, во Италија бројот на заразени со коронавирус нешто под 70.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот