„Медена земја“ и Атиџе наградени на Избор на критиката за документарци во САД

Македонскиот кандидат за Оскар, „Медена земја“, се закити со две награди на Избор на критиката за документарци во САД (Critics’ Choice Documentary Awards), кои беа доделени вчеравечер (10 ноември) во Њујорк. На режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов им беше доделена наградата за најдобар прв документарен филм, а на главната протагонистката во документарецот – Атиџе Муратова ѝ беше врачена наградата за најпривлечен лик во документарец.

Наградите, кои ги доделува Американското здружение на критичарите, се сметаат за едни од најдобрите предвидувања на номинациите за „Оскар“, што ќе бидат соопштени во јануари 2020.

Во саботата (9 ноември), пак, беше соопштено дека „Медена земја“ е номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, кои ги доделува „Европската филмска академија“. Нашиот филм е меѓу петте кандидати за наградата – најдобар европски документарец за 2019 година. За оваа селекција одлучуваат гласовите на 3600 членови на ЕФА. Победниците ќе бидат прогласени на церемонијата што ќе се одржи на 7 декември оваа година во Берлин, Германија.

Прочитајте и...  ВИДЕО | И за вакцината за ковид-19 се поделивме, едни со Русите, други со Американците

„Медена земја“ деновиве освои многубројни нови престижни награди. Да потсетиме:
На 43. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Сао Паоло, Бразил филмот доби две признанија: награда на критиката за најдобар филм во меѓународната конкуренција и награда од жири за најдобар документарец во категоријата „Нови режисери“. Ја доби и главната награда на фестивалот Festival Ânûû-rû Âboro во Нова Каледонија, Океанија, потоа „Golden Gateway“, наградата за најдобар филм во меѓународната конкуренција на Jio MAMI Mumbai Film Festival with Star во Мумбај, Индија.

Се закити со специјалната награда од жири на меѓународниот фестивал на документарен филм „West Lake“ кој се одржува во Ханчоу во Кина. Следуваа: наградата од публика за најдобар филм на фестивалот во Луксембург, CinEast Festival, специјалната награда на Festival Cinemed во Монпелје, Франција и специјална награда за документарен филм на фестивалот „Девоур“ во Канада.

Прочитајте и...  Орбан и порача на ЕУ: Унгарија нема да стане земја на имигранти

На 64. издание на меѓународниот филмски фестивал во Ваљадолид ја доби наградата „Espiga Verde“ – за најдобар филм во категоријата „Cine y Cambio Climático“ во која се прикажуваа филмови кои го третираат проблемот на климатските промени и природните ресурси.
Неодамна филмот беше прикажан на „Док Лајпциг“ во Лајпциг, Германија и на „Виенале“, интернационалниот филмски фестивал во Виена, Австрија.

Претстои учество на филмскиот фестивал AJYAL во Доха, Катар, и на „Синевропа“ – фестивал во Сантјаго де Компостела, во Шпанија. „Медена земја“ ќе биде дел и од официјалната селекција на IDFA – најголемиот фестивал за документарен филм во светот кој се одржува во Амстердам, Холандија. Тоа, воедно, ќе биде и холандска премиера на филмот.
На најпрестижниот светски настан посветен на документарниот филм кој е во организација на ИДА (Интернационалната документарна асоцијација) во САД ја доби наградата „Pare Lorentz“. „Медена земја“ е номиниран во уште три категории (најдобар документарен филм, најдобра режија и најдобра кинематографија), а победниците ќе бидат објавени на 7 декември во студијата на „Парамаунт“ во Лос Анџелес.

Прочитајте и...  Анкета: Грците се загрижени за пандемијата, сметаат дека најлошото следува

„Медена земја“ е македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар странски филм. Во тек е промотивната кампања на филмот за номинации за најпрестижната филмска награда, со поддршка од Агенцијата за филм.

Поврзани вести

Повеќе од 1.300 луѓе биле погрешно информирани дека се позитивни на ковид-19

И.И.

Хрватски пратеник сподели фотографија од жени наредени пред Зара, била лажна, но не толку далеку од вистината

Слободен печат

ВИДЕО: Трамп одржа уште една новинарска лекција: Никогаш не зборувајте на претседателот на таков начин

И.И.

Вандализам во Охрид: Оштетен споменикот на жртвите од несреќата на бродот „Илинден”, МНР со осуда на инцидентот

Слободен печат

Тројца странски државјани уапсени на Косово во врска со убиство во Босна и Херцеговина

Илинка Иљоска

Заев под „вкрстен“ оган

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian