Мечка нападна човек кој го шетал кучето кај Љубљана – со отстрел ќе се намалува бројот на мечки во Словенија

Мечка
Мечка/илустрација фото: EPA-EFE/MYKOLA TYS

Додека во Словенија се одвива дебата околу отстрелот на мечките поради наглото зголемување на бројот на овие животни, жител на земјата утрово беше нападнат од мечка кај Љубљана.

Мечката го каснала човекот за ногата, а нападот се случил во близина на главниот град Љубљана, додека тој го шетал кучето.

Се предлага бројот да се намали од 1.100 мечки на околу 800, а најмногу животни да бидат отстрелани во јужниот дел на Словенија, каде има најмногу инциденти со мечки.

Неодамна, надлежното министерство во Словенија донесе одлука со која се дозволува отстрел на 230 кафени мечки од дивината. Ова предизвика големи реакции. Дел од невладините излегоа остро против оваа одлука, предупредувајќи дека тоа е кршење на европското законодавство.

Премиерот Роберт Голоб, го повика министерот Урош Брежан да ги замрзне сите одлуки за овогодинешното убивање мечки. Подоцна за тоа двајцата разговарале и одлучиле одлуката сепак да остане на сила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот