Мбапе не попушта, нема шанси да потпише нов договор

Мбапе ја отвори душата во интервју за Радио Монте Карло/ фото: EPA-EFE/David Ramos

Одличниот француски репрезентативец, Килијан Мбапе, ја одби понудата на ПСЖ да потпише нов договор и наредното лето си заминува од „светците“, пишува „Ле Паризиен“.

Веста дека Мбапе си заминува не е нова, но весникот тврди дека ПСЖ со најновиот развој на настаните, ќе добие далеку помалку помалку пари отколку што сметаше дека ќе добие.

Челниците на ПСЖ се надеваа дека Мбапе ќе го продолжи договорот кој му истекува во 2022 година, а клубот ќе го пушти идното лето но за далеку поголема сума од таа што сега би ја добил кога сите знаат дека одличниот напаѓач по секоја цена сака да го напушти Париз.

Ова значи дека цената на Мбапе ќе падне и заинтересираните екипи ќе можат да го купат напаѓачот на ПСЖ за околу 100 милиони евра бидејќи на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Заинтересирани за Мбапе се речиси сите најголеми екипи, а фаворит за потпис со францускиот репрезентативец е Реал Мадрид кој уште сега почна да собира средства за трансферот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот