Маж во САД најден мртов во мотор на авион

Аеродром во САД / Фото EPA-EFE/MATT CAMPBELL

На меѓународниот аеродром во Солт Лејк Сити во САД е пронајден мртов патник. Кајлер Ефингер (30) од Парк Сити, бил пронајден мртов во моторот на авионот во понеделникот вечерта.

Полицијата соопшти дека 30-годишникот ја пробил вратата за итен излез, излегол на пистата и влегол во моторот на авионот, пренесува АП. Полицајците го пронашле Ефингер онесвестен во моторот поставен на крилото на комерцијалниот патнички авион полн со патници, соопшти полицискиот оддел во Солт Лејк Сити.

Кога Ефингер влегол во моторот, авионот бил на подлогата за одмрзнување, а моторите му вртеа. Ефингер бил патник со билет и карта за патување до Денвер, соопшти полицијата.

Менаџерот на продавницата на аеродромот нешто пред 22 часот им пријавил на диспечерите од контролниот центар на аеродромот дека видел патник како поминува низ излезот за итни случаи. Полицајците брзо ја пронајдоа облеката, чевлите и другите лични предмети на Ефингер на една од пистите.

Откако го пронашле, официјалните лица им рекле на контролорите на летање да му кажат на пилотот да ги исклучи моторите на авионот. Полицијата соопшти дека ја истражува конкретната фаза од работата на моторот.

Екипите за итни случаи го извлекле 30-годишникот од моторот. Тие се обиделе да го реанимираат и му дале налоксон, лек кој може брзо да го смени предозирањето со опиоиди и да го врати нормалното дишење. Но, човекот бил прогласен за мртов на местото на настанот.

Кога бил пронајден Ефингер, на патниците им било кажано да го напуштат авионот, но операциите на аеродромот не биле прекинати, соопшти полицијата. Првичната истрага покажува дека мажот се приближил до зоната на рампата на аеродромот од излезот за итни случаи и се качил на моторот во близина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот