Маж копал тунел во центарот на Рим за да ограби банка, па се заглавил во него, пожарникарите едвај го спасиле

Италијанска полиција/Фото: EPA-EFE/Andrea Fasani

Еден човек е спасен откако останал заробен во тунел во центарот на Рим кој наводно го копал во обид да ограби банка, пишува „Гардијан“.

На пожарникарите им биле потребни осум часа за да го ослободат мажот, кој бил закопан шест метри по уривањето на дел од патот на Виа Инноченцо XI, во близина на Ватикан.

Службите за итни случаи биле алармирани откако добиле повик од еден од четворицата наводни членови на бандата кои успеале да побегнат од урнатиот тунел во четвртокот наутро.

Додека спасувачите ја спроведувале сложената операција копајќи паралелна дупка за да стигнат до човекот, тој постојано извикувал: „Помош, ве молам извлечете ме“, пишуваат италијанските медиуми.

Човекот, кому му дале течна храна и боца со кислород за да му помогнат да дише, на крајот бил извлечен жив на долги аплаузи од голема толпа која се собрала да гледа.

Тој бил пренесен во болница, а потоа оттаму лекарите пријавиле дека се здобил со критични повреди, но не и опасни по живот.

Две лица од Неапол се уапсени за давање отпор на јавен службеник, а двајца од Рим за оштетување на јавен имот, изјави портпаролот на полицијата за АФП. „Сè уште истражуваме. Не исклучуваме дека се крадци; тоа е една од теориите“, рече тој.

Мажот од Рим имал претходни пресуди за грабеж, како и четворицата други наводни членови на бандата, кои сите биле уапсени.

Полицијата верува дека копале низ тунелот, кој започнал под затворена продавница, за да стигнат до трезорот на блиската банка.

Тие, наводно, копале по малку секој ден за да можат да го извршат својот грабеж на државниот празник Ферагосто во понеделник, италијански празник сличен на Божиќ, искористувајќи го тоа што банката немала да работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот