Масовни протести во сите италијански градови против „Зелените пропусници”

Правилата наметнуваат поседување „Зелена пропусница” со која се докажува вакцинација, прележана болест или негативен тест за влез во кафулиња и ресторани, спортски сали и музеи. Демонстрантите скандираа „Слобода” и „No Green Pass”.

Илјадници луѓе се собраа во Милано за да демонстрираат против воведувањето „Зелена пропусница”, која од вчера е во сила во Италија, јави АНСА.

Правилата наметнуваат поседување „Зелена пропусница” со која се докажува вакцинација, прележана болест или негативен тест за влез во кафулиња и ресторани, спортски сали и музеи. Демонстрантите скандираа „Слобода” и „No Green Pass”.

Поворката започна на плоштадот Фонтана и стигна до плоштадот Ла Скала, каде што се наоѓа градското собрание на Милано. Многу демонстранти ја носеа Давидовата ѕвезда, со зборовите „невакциниран”. „Нема повеќе зборови да се кажат овде, бидејќи во моментов тоталитаризмот е во тек, нашиот протест кажува повеќе од илјада зборови”, рече еден од говорниците на движењето преку мегафон.

„Зелената пропусница” е фашистички пристап кој не овозможува слобода. За време на маршот низ улиците на центарот, демонстрантите извикуваа пароли против новинари, вирусолози и владата.

Помали протести вчера се одржаа и во Рим, Неапол, Тоскана, Фиренца, Торино и други градови, каде демонстрантите го искажаа незадоволството од воведувањето на „зелената пропусница”, чија цел е запирашње на ширењето на коронавирусот и посебно донавата, делта варијанта. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот