Маска со кафе за сјајна и мека коса

Мазната, сјајна и мека коса е нешто што сите го посакуваме. Некогаш тоа најмногу зависи од гените и природата, но често можеме да си помогнеме и самите со домашни маски.

Оваа маска со кафе ги стимулира фоликулите, ги прави влакната поцврсти, го смирува електризирањето и ги решава проблемите со скалпот.

Оваа доза е доволна за едно користење:

Една лажица мелено кафе
Една лажица рицинусово или ореово масло
Една лажица кокосово масло
Две лажици кисело млеко

Измешајте ги состојките додека смесата да биде компактна. Најпрво масирајте на скалпот, па нанесувајте и на косата. Можете да покриете со ќеса и да ставите крпа, за топлината да направи активните состојки подобро да делуваат.

Држете ја маската два часа и потоа измијте на вообичаен начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот