Марш за видливост на трансродовите лица

Фото: Радио МОФ

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА, во пресрет на 31 Март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица денеска ќе организира марш за видливост на трансродовите лица пред Владата.

„TрансФормА“ заедно со трансродовите лица, активистите и нивните поддржувачи, се наведува во соопштението, се приклучуваат по шести пат, а петти марш кон глобалната акција за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група.

– Видливоста е од суштинско значење во борбата за правата на трансродовите луѓе, особено во недоволно либерално и прилично затворено општество како македонското. Видливоста е вистински предизвик за стереотипите, ги разобличува заблудите и придонесува трансродовите луѓе да бидат прифатени како луѓе. Петтиот последователен Марш за видливост на транс луѓето во Скопје е всушност доказ дека трансродовите лица одбиваат да бидат избришани или замолчени и продолжуваат со својата битка да бидат прифатени како интегрални членови на нашето општество, стои во соопштението од „TрансФормА“.

Во соопштението меѓу другото се додава дека ја испраќаат пораката „Маршираме храбро – 5 години видливост“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот